4.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Тажниот Конате даде гол и се расплака, сите соиграчи од Ливерпул го тешеа

Во првиот настап по смртта на татко му, Ибрахима Конате постигна гол, и не можеше да ги сопре емоциите, се расплака на терен.

Таткото на Конате беше погребан на 23-ти јануари и Конате пропушти три меча. Откако го даде голот во финишот на средбата со Њукасл, сите соиграчи притрчаа кон него за да го прегрнат и утешат, а меѓу нив и голманот Алисон Бекер (неговиот татко почина во 2021 година) кој истрча на другата страна на теренот за да им се придружи и да го прегрне Конате.

Потоа можеше да се види како Французинот ги брише солзите од очите и повторно беше прегрнат од Ван Дајк, додека останатите играчи се враќаа кон централниот круг.

„Многу сум среќен со голот. Немам зборови да опишам што чувствувам во моментов бидејќи тоа беше многу тежок момент за мене и моето семејство во последните две недели, но ова е дел од животот. Ова е тежок период за мене, за мајка ми, за целото семејство. Тешко е да се прифати тоа, но немаме избор“, рече Конате.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести