Тажно, страшно, грозно: навивачите на Ница ја исмеваа смртта на Емилијано Сала!

Кога на 21 јануари 2019 година беше објавена вест за трагичната смрт на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, кој од Нант требаше да прејде во Кардиф, а загина при пад на авион во каналот Ла Манш, фудбалскиот свет беше во шок, и се обедини во тагата по загубениот живот.

Оваа трагедија ја злоупотребија навивачите на Ница на вчерашниот меч со Сент Етјен, и тоа на грозен и морбиден начин. Ница испадна од Нант во купот на Франција, па навивачите решија да запеат песна која ги шокираше сите. Се чини дека човечката глупост нема граници.

„Тој е Аргентинец кој не знае баш добро да плива. Емилијано е од вода“ – скандираа фановите на Ница, во 9-тата минута од мечот, во „чест“ на Сала кој имаше дрес со број 9.

Инаку, фановите на Нант и Бордо (Сала играше и за овој клуб) на секој меч во деветта минута пејат: „Тој е Аргетинец кој никогаш не се откажува, Емилијано Сала, Емилијано Сала“.

Од Ница испратија соопштение, во кое остро го осудија однесувањето на дел од нивните навивачи, и повторија дека му даваат поддршка на семејството на Сала.

- Оглас -

Најнови вести