Тебас кон Барселона: „Нико Вилијамс, Халанд или Меси, правилата мора да ги почитувате!“

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, се чини дека не може да се помири со „поразот“ од Барселона во случајот на Дани Олмо, кога неговата регистрација беше одбиена, но „каталонците“ го добија случајот на суд и успеаја да издејствуваат тој да игра.

Сега следуваат нови закани, а се однесуваат на регистрацијата на Нико Вилијамс, секако, доколу фудбалерот и воопшто потпише за Барселона.

„Од Атлетик се жалат бидејќи од Барселона јавно зборуваат, односно тоа го прави Деко, дека сакаат да го потпишат овој фудбалер. Според правилата на ФИФА, ова е заштитен период и немаме право да го кршиме. Ние како и секогаш, ќе почекаме да видиме дали Барселона ќе ги исполни сите законски обврски за да може да потпише со фудбалерот. Нам не ни е важно дали тоа е Нико Вилијамс, Халанд, Меси или било кој друг. Тоа немаме намера да го промениме. Не треба да се огласат од Атлетик, бидејќи ние мора да објасниме се во врска со финансискиот фер-плеј. Транспарентни сме. Нема да откриеме каква е финансиската состојба на клубовите, но сите знаат каква е ситуацијата во Барселона и веќе се е објаснето, а причината е случајот Олмо.“ – вели Тебас.

- Оглас -

Најнови вести