Сезоната за Реал Мадрид заврши нешто порано од планираното, бидејќи „кралевите“ загубија во полуфиналето од Светското клупско првенство, иако можеби очекуваа дека во САД ќе останат до самиот крај на натпреварувањето.
Првенството во Ла Лига започнува на 15-ти август, додека Реал Мадрид ќе игра против Осасуна на 19-ти август, односно четири дена подоцна од официјалниот старт. Раководството на „кралевите“ бара одложување на овој меч, бидејќи им се потребни 21 ден за подготвки, кои ќе започнат на почетокот на август, но претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, им одговори дека тоа не е можно.
„Тоа не е решението кое Ла Лига го поддржува и веќе кажавме дека датумот нема да се промени. ПСЖ не бара одложување на првиот меч во Лига 1, истотака и Челзи не бара одложување на првиот натпревар од Премиер лигата. Реал Мадрид бара 21 ден за подготовки, ќе имаат 20. Мислам дека нема да загубат од Осасуна само заради тој еден ден.“ – рече Тебас.