Тебас распали по ФИФА: „СКП е апсурд, Реал и Атлетико ќе ја почнат сезоната во Ла Лига подоцна“

Новото натпреварување на ФИФА, Светското клупско првенство во САД, кое започнува во сабота, им направи големи проблеми не само на клубовите туку и на раководствата на домашните првенства. Критиките пристигнуваат од сите страни, а и претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, распали по ФИФА и најави дека Реал и Атлетико ќе започнат подоцна со настапите во домашното првенство.

„Веќе има спор околу тоа кога Реал Мадрид и Атлетико ќе ја започнат Ла Лигата, што го нарушува вообичаениот фудбалски распоред и ни штети на среден рок. Одлуката дали Реал и Атлетико ќе ја започнат сезоната во Шпанија подоцна, за да се одморат, не е само моја. Таа ќе биде донесена навремено. Но, не може постојано да мораме да го менуваме нашиот распоред поради други натпреварувања кои не ни се приоритет. Тоа е целосно апсурдно. Не се консултирале со нас за датумите, не се консултирале со нас за ништо. Она што го прават е попречување на сезоната во Шпанија ако големи клубови како Реал Мадрид или Атлетико не можат да играат на првиот ден од Ла Лига“, вели Тебас.

- Оглас -

Најнови вести