27.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Тен Хаг не можеше да потврди дали Роналдо ќе игра против Брајтон

На денешната прес-конференција, менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, не можеше, или не сакаше, да даде одговор на прашањето дали Кристијано Роналдо ќе игра в недела на дуелот на „Олд Трафорд“ против Брајтон, со кој Јунајтед ќе ја отвори новата сезона во Премиер лигата.

Има многу шпекулации околу иднината на Португалецот, се пишува дека тој сака да игра во тим од Лигата на шампионите и оти би прифатил и помала плата, само да си оди од Манчестер.

„Тој е тука со нас, го имаме на располагање. Тренира напорно, врвен напаѓач е, среќни сме што го имаме. Дали ќе игра в недела од прва минута? Ќе видиме“ – рече Тен Хаг, кој се изнервира што новинарите го прашуваа само за Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести