29.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Тен Хаг после дебаклот: „Ќе беше подобро да не го игравме овој натпревар“

Новиот тренер на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг, имаше неславно деби на клупата на „фармацевтите“ и загуби со убедливи 5-1 од младинската екипа на Фламенго.

Домашниот состав на мечот кој се одигра во Рио де Жанеиро имаше убедливи 4-0 уште на полувремето, а потоа и 5-0, додека почесниот погодок за Баер Леверкузен се падна во 70-тата минута.

„Не треба никогаш да губиме, а не пак со ваква висока разлика. Најважното на овој натпревар беше што не се повреди нитуеден фудбалер. Сепак, мислам дека не требаше да го играме овој натпревар сега, можеби подоцна.“ – рече Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести