Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, не мисли дека бројните трансфери на важни фудбалери од Европа во клубови од Саудиска Арабија и САД влијаат врз квалитетот на англиската Премиер лига.
„Имаат многу пари, привлекуваат играчи и тоа има ефект во Европа. Но, во моментов јас тоа не го гледам како проблем за Премиер лигата. Големите играчи сакаат да бидат дел од Премиер лигата. Лигата во Саудиска Арабија и МЛС не може да се натпреваруваат со англиското првенство, не се конкуренција“, вели Тен Хаг.