15.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Тенисер наместил дури 135 меча, ја доби најголемата можна казна

Мароканскиот тенисер Јунус Рашиди заработи доживотна суспензија откако беше прогласен за виновен за местење дури на 135 натпревари, соопшти Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА).

Рашиди, чиј најдобар пласман беше 473-ти во игра на двојки, му е забрането да игра, да тренира или да присуствува на кој било тениски настан организиран од АТП или ВТА. Мароканецот зароботи и парична казна во висина од 34.000 долари.

Ова е и најголемиот број местенки од еден играч или клуб кои досега се откриени воопшто во спортот.

ИТИА соопшти дека Рашиди бил вклучен во местење натпревари заедно со двајца алжирски играчи кои неодамна беа суспендирани по истрагата покрената во Белгија.

- Оглас -

Најнови вести