Салах со голот против Борнмут влезе во историјата на Премиер лигата

Мохамед Салах го постигна четвртиот гол за Ливерпул во победата од 4-2 над Борнмут на премиерниот меч од новата сезона во Премиер лигата. Египетскиот репрезентативец со овој гол дојде до бројка од 187 погодоци во Премиер лигата, со што се израмни на четвртата позиција со легендарниот Енди Кол.

Лидер на вечната листа е Алан Ширер со 260 гола, пред Хари Кејн кој има 213. На третата позиција е Вејн Руни со 208 погодоци, па не е исклучено Салах да го мине уште оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести