3.8 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

Тенисер се поздравил со Федерер и вети дека нема да ја мие раката

Либанскиот тенисер Бенџамин Хасан зборуваше за средбата со легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер за време на турнирот во Дубаи.

Во првото коло од АТП 500 турнирот, Хасан, кој е рангиран на 289-то место на АТП листата, загуби од легендарниот Швајцарец Стен Вавринка со 5-7, 3-6, а еден друг славен Швајцарец, Федерер, го следеше натпреварот од трибините.

„Не знаев ни дека Роџер е на стадионот. Го забележав на крајот и веднаш ја почувствував таа аура. Дали успеав да го поздравам Роџер? Тој дојде до мене и ми рече: Добар меч. Јас на германски му се заблагодарив. Пораснав во Германија, роден сум таму, па знам германски. Тој беше малку изненаден. Никогаш повеќе нема да ја измијам оваа рака од лактот надолу“, рече 31-годишниот Хасан. 

- Оглас -

Најнови вести