18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Тенисерите загубија од Црна Гора во Дејвис купот

Во второто коло од Дејвис купот од Трета европска група, македонските тенисери го претрпеа првиот пораз денеска по двата сингл меча. Македонија имаше хендикеп, особено во првиот меч, кога Амар Хусеиновиќ во седмиот гем од првиот сет се повреди (препона), па мораше да го предаде мечот по консултации со лекарскиот тим. До тој момент неговиот ривал Алекса Кривокавиќ имаше предност од еден брејк, кој го направи на почетокот на мечот.

Во вториот меч Стефан Мицов загуби со 2-0 во сетови (61 61) од Петар Јовановиќ, кој беше доминатен во текот на целиот меч.

Во конкуренција на двојки за Македонија ќе настапат Калин Ивановски и младиот Кристијан Јанев. Ивановски ќе игра на место повредениот Амар Хусеиновиќ. За Црна Гора ќе настапат Симон Кнежевиќ и Алекса Кривокапиќ.

Фото: Игор Паневски/МТФ

- Оглас -

Најнови вести