Тенисерката која го носеше црногорското знаме на отворањето, освои само еден гејм!

Црногорската тенисерка Данка Ковиниќ, која беше и знаменосец на својата земја на свеченото отворање на ЛОИ во Париз, испадна во првото коло на женскиот тениски турнир и притоа против Марија Сакари од Грција освои само еден гејм.

Сакари до победата дојде за само 58 минути игра, а Ковиниќ не освои ниту еден гејм на свој сервис.

Ковиниќ штотуку се врати по пауза од десет месеци, ова беше нејзин прв меч во 2024 година, па не е изненадување што загуби, но се очекуваше да даде посилен отпор.

„Немам болки ама телото уште не ми е навикнато на поголем напор. Треба време за да бидам во топ форма. Наместо 180-185 километри на час, сервисите ми беа со брзина од околу 160. Штета што олимпискиот турнир не беше некој месец подоцна. Жал ми е што не можев да го играм мојот најдобар тенис, но ќе има прилика и за тоа“, рече Ковиниќ.

 

- Оглас -

Најнови вести