Тениските фанови збунети, Маљковиќ тврди дека Ѓоковиќ не е опериран!

Новак Ѓоковиќ воопшто не е опериран, тврдеше попладнево претседателот на Олимпискиот комитет на Србија, Божидар Маљковиќ.

Според него, од чичкото на Новак добиле информација дека тенисерот не бил опериран. Оваа изјава на Маљковиќ збуни многумина.

Од друга страна, сите релевантни српски и француски медиуми објавија дека Новак бил опериран денеска, но дека повредата на менискусот во коленото не е многу тешка и бара одмор од околу три недели. Вимблдон почнува на 1 јули и крајно неизвесно е дали Ѓоковиќ ќе може да игра таму, но речиси сигурно е дека тој ќе може да се појави на олимпискиот турнир во Париз кој стартува на 26 јули.

- Оглас -

Најнови вести