Тензично е во Наполи, Осимен одби да се ракува со соиграчите (Видео)

Состојбата во Наполи пред вечерашниот дуел против Удинезе е тензична бидејќи првата ѕвезда Виктор Осимен е лут како рис на управата и на прес-службата на тимот.
Откако администраторите на официјалната страница на Тикток се пошегуваа со Осимен, објавувајќи кратко видео во кое го исмеваат својот најдобар напаѓач, Нигериецот на социјалните мрежи ги избриша сите фотографии во дресот на Наполи, а попладнево одби да се ракува со соиграчите.
Тој при пристигнувањето во хотелот каде што беше собирот на играчите пред вечерашниот дуел со Удинезе, одби да се ракува со двајца соиграчи, Диего Демем и Пјотр Зјелински и се поздрави само со клупскиот менаџер Џузепе Санторо.
- Оглас -

Најнови вести