8.8 C
Skopje
понеделник, 15 декември 2025

Тензично во Фиорентина, тимот ќе остане во карантин до следниот натпревар

Фиорентина минува низ еден од најтешките моменти во својата историја, а атмосферата во клубот е на работ на експлозија. По новиот пораз, управата повлече драстични потези кои јасно покажуваат дека состојбата е алармантна.

Како што пишува „Газета дело спорт“, клубот вовел целосна медиумска тишина и ја испратил екипата во своевиден карантин во „Виола парк“. Нема изјави, нема обраќања, нема објаснувања за навивачите.

Един Џеко и соиграчите веднаш по натпреварот, со полициска придружба, беа префрлени од стадионот во тренинг-центарот. Тој детаљ доволно зборува за напнатоста што владее околу клубот.

Полицијата мораше да интервенира поради страв од можни инциденти, иако поголеми нереди немаше. Сепак, гневот на навивачите беше гласен и јасен.

Екипата ќе остане во „Виола парк“ до понатамошна одлука, а многу е можно карантинот да продолжи и во наредните денови. Во среда е планирано патување во Лозана, каде што Фиорентина ја очекува последната средба од групната фаза во Конференциската лига.

Ни клупата не е стабилна. Тренерот Паоло Ваноли е под сериозен притисок по серијата лоши резултати и сè погласните критики.

Од неговото доаѓање, екипата забележа неколку ремија, но поразите од директните конкуренти ја турнаа Фиорентина длабоко кон дното на табелата.

Особено боли фактот што последниот пораз дојде против екипа која беше во долниот дел од табелата. Таквите киксови дополнително ја рушат самодовербата.

- Оглас -

Најнови вести