Тензии во Барселона: Чави го откажа тренингот пред Ел Класико

Атмосферата во таборот на Барселона е лоша откако во вторниот доживеа дебакл и загуби со 1:4 од ПСЖ и остана без полуфинале во Лигата на шампионите, a тренерот Чави Ернандес го откажал денешниот тренинг.

На тренингот се појавиле само капитенот Серхи Роберто, Педри и Гави, кој се закрпнува од повредата на коленото. Според каталонските медиуми, атмосферата во соблекувалната на Барселона е лоша, а тензиите се кренаа по изјавата на Илкај Гундоган, кој критикуваше дел од соиграчите поради недоволното залагање на мечот со ПСЖ.

Поради тоа, Чави и неговите асистенти одлучиле на фудбалерите да им дадат еден ден одмор иако в недела Барселона ја очекува Ел Класико и дуелот со Реал Мадрид. До крајот на сезоната има уште седум кола, а Реал Мадрид е лидер на табелата со осум бода предност пред Барселона.

- Оглас -

Најнови вести