Тепачка на тренингот на Баерн: Левандовски знае и на друг начин да оди во напад

Голема тепачка го раздрма денешниот трененг на Баерн Минхен. Според пишувањата на реномираниот „Билд“, жестока тепачка имало меѓу Роберт Левандовски и Кингсли Коман. Играчите најпрво започнале вербална расправија, која многу брзо потоа прераснала во физичка пресметка.

Веднаш реагирал тренерот Нико Ковач, кој успеал да ја смири ситуацијата, но на изненадување на останатите играчи, тренерот не ги избркал „тепачите“, туку и тие го завршиле тренингот. Се очекува дека Коман и Левандовски да бидат дополнително казнети.

- Оглас -

Најнови вести