Терзиќ: Борусија не беше фаворит ниту против Атлетико и ПСЖ па победуваше

Борусија Дортмунд мечтае да го повтори успехот од 1997 година кога за прв и засега единствен пат стигна до титулата во Лигата на шампиони, Милионерите од Дортмунд на „Вембли“ во Лондон ќе играат во големото финале против Реал Мадрид.

Тренерот на Борусија, Един Терзиќ знае дека неговиот не е во улога на фаворит, но не губи надеж дека може да стигне до трофејот.

„Знам дека играме против најтрофејниот клуб во ова натпреварување. Сезонава имаме само два порази во ЛШ и подготвени сме да одиграме на највисоко ниво. Кога побендикот се решава во еден победник, се е можно. Тие се во улога на фаворит, но ние не бевме фаворити ниту во двомечите со Атлетико Мадрид и Пари Сен Жермен“, вели предводникот на Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести