5.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

Терзиќ: Црвена ѕвезда од државата за 10 години нема добиено колку Партизан само годинава

Генералниот директор на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ, во гостување на утринската програма на РТС ја сумираше годината и полусезоната.

„Зад нас имаме година каде што ја освоивме двојната круна и покажавме дека сме најдобриот и најорганизираниот клуб во Србија. Можеме да го окарактеризираме како неуспех невлегувањето во Лигата на шампионите. Мислам дека сме поорганизиран клуб од Пафос, без оглед на тоа што играше добро. Тие не се кипарски клуб, сопственикот е руски олигарх, луѓето треба да се разбудат, се губат границите. Мислам дека оставивме добар впечаток во Лигата ан Европа, еден чекор сме поблиску до пролетта. Звезда никогаш не потрошила 15 бода во првиот дел од сезоната во домашната лига. Очигледно имаше грешки. Дали замор, многу повредени играчи или ја потценивме домашната лига бидејќи сме најдобриот тим. Сега е време да анализираме каде погрешивме“, рече Терзиќ.

Ѕвезда има еден бод помалку од Партизан, нешто на што не се навикнати последните години, па го сменија тренерот Владан Милојевиќ и го ангажираа Дејан Станковиќ.

„Милојевиќ неколкупати понуди оставка низ 80-годишната традиција, Звезда ретко го менуваше својот тренер, освен кога ќе видите дека бродот што плови, тоне. Тој виде дека нема реакција во соблекувалната. Го разбирам и Милојевиќ, беше исцрпен, немаше што да понуди. Звезда е поквалитетна, освојувањето на шампионската титула со голема бодовна разлика не е доведено во прашање“, оптимист е првиот човек на Црвено-белите.

Што се однесува до парите, Терзиќ рече дека Ѕвезда заработила 104 милиони евра оваа година благодарение на настапите во европските купови.

„Ѕвезда не доби толку многу од државата како Партизан, и тоа за 10 години. Победуваме во Европа со квалитетна работа и, пред сè, со градење тим. Секој може да помине низ овој пат низ кој што поминавме ние, никој ништо не ни подарил, се изборивме за ова со добри игри“, додаде Терзиќ.

- Оглас -

Најнови вести