Тешка повреда: Атлетичар со кладиво погоди директно во судијата (Видео)

Атлетичарот од Кувајт, Али Занкави тешко повреди еден судија на Азиските игри кои се одржуваат во Кина. Занкави кој се натпреварува во фрлање кладиво, ненамерно го погоди судијата со кладивото и го повреди.

При залетот на Занкави му се лизна кладивото и тоа за жал заврши директно во нозете на несреќниот судија. Арбитарот кој има 62 години се здоби со отворена скршеница на ногата и веднаш реагираа лекарите.

По првичната санација на повредата, судијата бил префрлен во болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести