16.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Тешка повреда на Иниеста, го чека долга пауза

Андрес Иниеста ќе паузира до четири месеци по здобиената повреда на бутниот мускул од десната нога.

Шпанскиот маестро се повреди во дуелот на Висел Кобе против Сувон во четвртфиналето од азиската Лига на шампиони, по што ќе мора да закрепнува подолг период за да се врати на терените.

Вчера во Барселона му беше извршена операција, зафатот помина успешно, но Иниеста принудно ќе го пропушти стартот на наредната сезона од јапонскиот шампионат.

 

- Оглас -

Најнови вести