-3.2 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

Тешка повреда за фудбалер на Милан

Милан синоќа на „Сан Сиро“ доживеа шокантен пораз од Парма со 0-1 во 26-тото коло од Серија А.

Со овој пораз, Интер дополнително се доближи до освојување на ново Скудето. Сепак, натпреварот го одбележа и тешката повреда на англискиот играч од средниот ред, Рубен Лофтус-Чик.

Тој итно беше пренесен во болница откако се здоби со сериозна повреда. Во борба за топка во воздух, голманот на Парма, Едоардо Корви, се обиде да интервенира, но притоа силно го удри Лофтус-Чик во главата.

Фудбалерот на Милан падна на тревникот во болки, а од устата му потече крв. Иако не ја загуби свеста, остана без неколку заби.

Медицинската служба веднаш му го имобилизира вратот, по што на носилки беше изнесен од теренот и пренесен во болница. Деталните прегледи покажале дека Лофтус-Чик заработил фрактура на алвеоларната коска, дел од вилицата што ги држи забите.

Поради сериозноста на повредата, ќе мора да биде подложен на оперативен зафат, а под знак прашалник е и неговиот настап на претстојното Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести