Teшка вечер за мадридските гиганти: Атлетико тоне во Минхен, Ливерпул води во Амстердам (видео)

Баерн Минхен има удобни 2-0 по првите 45 минути против Атлетико Мадрид во дербито на вечерта од првото коло во Лигата на шампионите. Европскиот првак го контролира мечот и сосема заслужено дојде до двата погодока со кои е на добар пат со победа да ја почне новата сезона на меѓународната сцена.

Коман отвори во 29-тата минута по одличното проигрување од Кимих, а на пет минути пред паузата, Горецка со силен удар зголеми на 2-0. Атлетико е на едно полувреме од пораз на стартот во новото издание од ЛШ, исто како што претходно денес градскиот ривал Реал претрпи шокантен пораз од Шахтар со 2-3 на домашен терен.

https://twitter.com/noobfcb/status/1319001185458753539

Ливерпул имаше помош при водството од 1-0 на гостувањето кај Ајакс. Обидот на Мане се одби од Талјафико, па топката заврши во мрежата на Онана.

https://twitter.com/_FootballTV/status/1319000741705633794

Манчестер сити засега има адекватен противник во Порто, откако португалскиот првак поведе на „Етихад“ преку Луис Дијас во 13-тата минута, а предноста на гостите ја анулираше Агуеро на 1-1 од пенал само три минути подоцна.

https://twitter.com/noobfcb/status/1318994746287788040

Аталанта најавува голеада и има убедливи 3-0 на гости кај Митјиланд. Запата, Гомес и Муриел погодија за составот на Гасперини.

https://twitter.com/noobfcb/status/1318997490432167947

https://twitter.com/noobfcb/status/1319000440877572096

- Оглас -

Најнови вести