Тешко без Роналдо, Беневенто со бод против Јуве, голот го даде играч од Неапол

Јувентус без Кристијано Роналдо, одигра само 1-1 на гостувањето кај новакот во Серија А, Беневенто, чиј тренер е Филипо Инѕаги, играч кој најславните денови ги имаше како играч на Јуве. Алваро Мората со својот осми гол сезонава во сите натпреварувања го донесе фаворитот во водство, а изедначувањето дојде пред крајот на првото полувреме, кога погоди бекот Летиција.

Летиција е роден во Неапол и изјави дека голот му го посветува на неговиот идол Диего Марадона, а рече и дека се согласува со предлогот дресот со бројот 10 да биде повлечен од употреба во светскиот фудбал. Во 10-тата минута, екипите прекинаа со играње и со аплауз го поздравија Марадона.

После овој кикс, Јуве има три бода помалку од лидерот Милан, а Росонерите имаат и еден натпревар помалку.

- Оглас -

Најнови вести