Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз беше запрашан какви новогодишни подароци би им дал на колегите Јаник Синер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, и даде прилично необични одговори.
Некои сметаат дека требало да внимава малку повеќе при изборот, иако не делува дека намерно ги провоцираше ривалите.
„На Синер би му подарил нови чизми за скијање или некои нови креми за кожа“, рече Алкараз. Против Синер се води истрага за земање допинг преку крема за масажа.
„На Новак? Уф, тоа е тешко. Некоја добра шпанска шунка“.
И ова не е баш идеално, бидејќи Србинот не јаде месо.
„На Рафа би му дал некое добро шише вино или нови стапови за голф“, рече популарниот Карлитос.