Меѓу најдоминантните екипи на сите времиња сигурно место ќе се најде и за онаа на Барселона во која владееја Чави, Андрес Иниеста и Лионел Меси. Ова трио потпомогнати од Виктор Валдес, Карлес Пуjол, Дани Алвеш и останатите, создадоа екипа против која никој не можеше да доминира.
Во периодот од 2006 до 2015 година, Барселона четири пати беше европски првак, а Иниеста и Чави по девет пати беа шампиони со каталонскиот првак во Примера. Сега Иниеста игра во јапонскиот Висел Кобе, но се сеќава на убавото време во Барселона.
„Таква генерација нема да се повтори, но тоа што следува не мора да биде нешто полошо во однос на постигнатите резултати. Не планирам да се повлечам. Сакам уште да ја шутирам топката, да играм додека можам. Моментно имам договор до 2021 година, а на крајот од следната сезона ќе одлучам дали ќе бидам подготвен и за следни предизвици“, вели Иниеста, кој додава дека би бил пресреќен доколку еден ден се врати во Барселона и на „Камп Ноу“ да ја заврши кариерата.