Тешко настрада Лион, Лига 1 има неочекуван лидер (Видео)

Анже е изненадувањето во Франција на стартот од новата сезона во Лига 1, а тие се лидери по победата против фаворитот Лион со убедливи 3:0.

Денеска во премиерниот меч од продолжението на второто коло, Анже неочекувано лесно го декласира Лион, кој е рангиран како еден од топ фаворитите за титулата.

Домаќините поведоа со голот на Буфал во 20. минута по одличниот контранапад што ја изненади одбраната на гостите.

Angers 1-0 Lyon – Boufal 20′ from soccer

Потоа автогол си постигна Марсело, а по исклучувањето на Корне, јасно беше дека Анже ќе победи и ќе биде прв во Лига 1 со две победи и гол-разлика од 5:0.

Angers [2] – 0 Lyon – Marcelo OG 53′ from soccer

Оунахи само стави печат на победата на изненадувањето во Франција, со погодок во 77. минута.

Angers [3]-0 Lyon – Ounahi 77′ from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести