Тест за Лисиците, Шумарите половина година не загубиле на гости

3001 Удинезе – Каљари (18.30 часот)

Удинезе е тим кој претрпе три порази во последните четири кола и има само еден нерешен резултат по осум кола сезонава во Серија А, а гостите од Сардинија се кренаа од дното, освоија седум бодови во претходните три кола и на овие три меча и даваа и примаа гол. Удинезе има проблеми со повредени играчи, во аут се Делофеу, Алексис Санчес, Товен. Минатата сезона овие клоубови трипати играа меѓу себе, двапати во лигата и еднаш во купот и секогаш беше нерешено со 0-2 гола. Каљари три и пол години нема победа над Удинезе.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.09)

 

1801 Мајнц – Б. Менхенгладбах (20.30 часот)

Мајнц и Борусија М. се соседи на табелата и речиси со иста гол-разлика, со тоа што гостите имаат еден бод повеќе. Борусија нема ниту еден нерешен дуел сезонава, а поминаа седум кола. Мајнц тргна со две ремија, а сега има серија од пет меча едноподруго без нерешен резултат.  Мајнц дома нема ниедна победа сезонава, а секогаш прима гол на свој терен. Менхенгладбах четири години нема победа над Мајнц, минатата сезона двата меѓусебни дуели им беа нерешени со 2-4 гола.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.80)

 

3002 Торино – Комо (20.45 часот)

Торино е во криза, има три порази по ред и сите три со истиот резултат, 2-3. Комо во последните три кола има по една победа, пораз и реми. Два се два тима кои во последно време редовно и даваат и примаат гол. Комо на последните две гостувања кај Торино пред 20-21 години не успеа да постигне гол, па кај овој пар има судир на традицијата со моментната форма на екипите.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.85)

 

1001 Лестер – Нотингам ф.  (21.00 часот)

Лисиците освоија шест бода во претходните две кола и одат по хет-трик победи. Шумарите имаат само еден пораз сезонава и дури четири ремија во осум кола, затоа се во горната половина на табелата со еднаков број бодови како Тотенхем. Лестер е тим кој е многу поефикасен, но и прима многу повеќе голови од Нотингам. Последниот гостински пораз на Форест беше во април, но пред две години, кога последен пат гостуваа во Лестер, беа декласирани со 0-4.

Предлог тип: Х било кога (1.74)

 

1301 Еспањол – Севиља (21.00 часот)

Севиља и пред пет дена гостуваше во Барселона, прими дури 5 гола, но тоа беше дуел со лидерот на табелата во Ла Лига, а овојпат имаат противник по мерка и шансите за освојување бод или три им се поголеми. Еспањол загуби четири од последните пет меча, додека за Севиља во минатото коло заврши низата од три меча без пораз. Еспањол сезонава дома нема нерешено, а Севиља нема ниту една гостинска победа. Еспањол уште од јануари 2017 година не победил против Андалузијците.

Предлог тип: Т2 2+ (2.55)

- Оглас -

Најнови вести