28.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Тетекс даде гол од 40 метри, ја победи Слога Виница

Тетекс успеа да дојде до три бода пред својата публика на Градскиот стадион во Тетово, совладувајќи ја Слога Виница со 2-0 во претпоследниот натпревар од колото во ВМФЛ.

Ривалот од Виница добро се бранеше во првото полувреме, но отпорот беше скршен во продолжението од мечот. Во 65-тата минута Салији Меритон со удар од далечина, речиси 40 метри, го совлада голманот на Слога по негова несигурна интервенција и донесе водство за домаќините.

Во судиското продолжение, во 95-тата минута, Даути Даут со втор погодок ја запечати победата за Тетекс.

Последниот натпревар од оваа рунда ќе се одигра вечерва во Струмица помеѓу Брегалница и Детонит Плачковица.

- Оглас -

Најнови вести