Тетекс е прв тим што сезонава го победи Вардар на негов терен!

Вардар речиси ги загуби шансите да се бори за првите две позиции во Втора лига, откако загиби на свој терен со 1:2 од Тетекс, во дуел од 28 коло. Ова е прв пат сезонава Вардар да загуби дома и тоа откако Црвено-црните имаа предност од 1:0 со голот на Жоглев.

Тетекс се врати во игра благодарение на автоголот на Мартин Радуловиќ Величковиќ во судиското надополнување од првото полувреме, кое траеше дури 65 минути поради прекинот кој се случи поради фештата на навивачите. 

На почетокот од вториот дел, Тетекс притисна и тоа се исплатеше на тетовчани кои дадоа и втор погодок за водство од 2:1. До крајот на дуелот, резултатот не се смени, па Тетекс освои три драгоцени бода во борбата да не испадне, додека Вардар може да почне да се подготвува за бараж за пласман во Прва лига.

Воска ремизираше 2:2 во езерското дерби против Охрид, но и тоа беше доволно за овој тим да се избори за историски пласман во Прва лига за следната сезона. на пат кон Прва лига е и Гостивар кој има пет бода повеќе од Вардар на две кола до крајот.

Резултати: Охрид – Воска 2:2, Детонит Плачковица – Гостивар 0:2, Вардар – Тетекс , Пелистер – Пехчево Скопје 2:1, Борец – Беса 0:4, Арсими – Слога Виница 0:0, Кожуф – Беласица , Караорман – Каменица Саса 1:2.

Табела: Воска 69, Гостивар 67, Вардар 62, Пелистер 56, Детонит Плачковица 47, Беса 45, Охрид 38, Арсими 37, Беласица 35, Караорман 34, Кожуф 30, Пехчево Скопје 27, Каменица Саса 27, Тетекс 25, Слога Виница 22, Борец 2.

- Оглас -

Најнови вести