3.8 C
Skopje
среда, 3 декември 2025

Тетекс нема многу опции, мора да го победи Кожуф, а квотата за „кец“ е примамлива

Возбудувањата во македонскиот фудбал денеска продолжуваат со два меча од Втората лига. Тетекс е домаќин на Кожуф, додека Горно Коњари го пречекува Охрид.

Во Тетово ќе биде многу интересно затоа што Тетекс е во позиција која бара освојување бодови посебно кога игра на свој терен. Тетовци имаат само 13 бода од 13 меча и се на 11-тото место, кое не дава мир кога се работи за зоната за испаѓање.

Кожуф има малку помал притисок затоа што гевгеличани досега собраа 20 бода. Традицијата вели дека сите седум меча што ги имаат одиграно овие ривали меѓу себе од 2017 година досега, завршиле со гол-гол комбинација, а дури на шест имало четири или повеќе голови, што е најава за многу погодоци.

Тетекс сезонава дома има четири победи и два порази, па едноставно домашниот тим сигурно ќе започне многу офанзивно и ќе брка освојување на три бода.

На вториот меч меѓу Горно Коњари и Охрид гостите се апсолутни фаворити. Горно Коњари има седум порази по ред во првенството, а охриѓани се во одлична форма и победија во последните шест кола.

- Оглас -

Најнови вести