Тетовски Нострадамус ги предвиде лудите резултати во Бундеслигата! (Фото)

Во Sport Life во Тетово попладнево бил уплатен просто неверојатен тикет кој на крај испадна добитен, некој обложувач ги предвидел трите порази со кои се испиша историја во Бундеслигата, првпат се случи во исто коло дома да загубат и Баерн Минхен и Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд.

Играчот вложил 25 денари и решил да си ја проба среќата и да одигра нешто што ретко кој би помислил, дека дома ќе загубат сите три германски тимови кои во вторник и среда играат осминафинале во Лигата на шампионите.

Баерн водеше и 2-0, а на крај загуби во Минхен од Бохум, и ова го прави резултатот уште пошокантен.

Во секој случај, секоја чест за овој тетовец кој предвиде дека во Германија ќе се случи нешто што досега се немаше случено и има бруто добивка од 34.475.

- Оглас -

Најнови вести