Тетовци го избркаа тренерот: Артим Шаќири е минато во Шкендија

Артим Шаќири повеќе не е тренер на Шкендија. Некогашниот наш репрезентативец, а до пред малку и стратег на Тетовци, добил отказ од раководството по новиот неуспех, односно играњето само 1:1 против Македонија ЃП.

Шкендија, којашто важи за еден од нашите најбогати клубови, сезонава игра под очекувањата, па ваков расплет беше и очекуван.

По шест одиграни кола, Тетовци имаат 11 бода и се наоѓаат на делба на второто место, но една од причините за отказот е и лошиот настап во евроквалификациите.

- Оглас -

Најнови вести