Победата на Барселона и големиот пресврт против Селта Виго паднаа во сенка на повредата на Роберт Левандовски, кој во 77-мата минута се фати за мускулот на ногата и побара замена.
Полскиот репрезентативец со грч на лицето го напушти терен, а прогнозите не се воопшто оптимистички. Според шпанските медиуми, Левандовски има скинат мустул, што би значело дека го чека пауза од најмалку три недели, а тоа ќе значи дека ќе го пропушти полуфиналниот двомеч од Лигата на шампионите против Интер, но и финалето на шпанскиот Куп против Реал Мадрид.
Мечот против Селта Виго за Роберт Левандовски беше јубилеен, 100-ти во шпанската Ла Лига, но на крајот го заврши без гол и со повреда.