Јувентус не само што загуби со убедливи 5-2 од Манчестер сити во последниот меч од групната фаза на Светското клупско првенство, туку загуби и значаен фудбалер до дефанзивната линија. Младиот фудбалер на „старата дама“, Николо Савона, заработи повреда, по што мораше да биде заменет, а првичните прегледи укажуваат на повреда на лигаментите.
Тоа значи дека Савона нема да игра до крајот на клупскиот Мундијал, а под знак прашалник се и подготвоките за новата сезона, како и почетокот на Серија А. Фудбалерот сега ќе мора да паузира еден месец, а потоа ќе бидат направени дополнителните прегледи по што ќе биде утврдено за колку сериозна повреда се работи и дали ќе биде потребен хируршки зафат.