ТФТ Скопје извојува голема победа против Работнички сo 98-90 по петминутно продолжение, во првиот меч од полуфиналната плејоф-серија.
Екипата од Тафталиџе го отвори натпреварот со цврста и агресивна игра, што ѝ донесе водство од 49-41 на полувремето. Во третиот период дуелот влезе во израмнет ритам, но ТФТ повторно го зголеми водството на +12 на стартот од последната четвртина, што го натера тренерот на Работнички, Горан Самарџиев, да побара тајм-аут.
Иако ТФТ ја одржуваше предноста, Работнички со неколку брзи поени ја врати неизвесноста. Поддржани од фановите, гостите се доближија на само четири поени разлика благодарение на Ѓуроски, а Говенс од другата страна се обиде да го задржи ритамот на домаќините. Работнички погоди нова тројка, што доведе до тајм-аут на тренерот Боро Смилковски.
Во завршницата, Работнички имаше шанса дури и за водство, но пропушти напад, по што Шошкиќ со едно реализирано слободно фрлање изедначи на 85-85. Последниот напад на ТФТ не донесе резултат и мечот отиде во продолжение.
Во дополнителните пет минути, ТФТ успеа да го преземе контрола врз натпреварот, делуваше посвежо и го скрши отпорот на противникот. Со сигурна игра во клучните моменти, стигнаа до важна победа со 98-90.
Дарин Говенс беше клучен играч за ТФТ со 25 поени, додека Стојан Ѓуроски постигна 20 поени за Работнички.