Екипата на ТФТ Скопје славеше со 71:59 славеше против Работнички во вториот меч од полуфиналето на кошаркарскиот плејоф. За ТФТ ова е втора победа за водство од 2:0 и сега им е потребен само уште еден триумф, за да се изборат за место во полуфиналето. Во второто полуфинале, МЗТ Скопје Аеродром има 2:0 во победи против Куманово.
Работнички одлично го започна денешниот меч и имаа водство од 19:5. Двоцифрената предност на гостите беше со до пред крајот на втората четвртина кога Работнички водеше со 37:27. ТФТ ви финишот на првото полувреме намали на 32:37, што беше најава дека домаќините ќе доминираат во вториот дел.
Во второто полувреме Работнички водеше со 44:41, а потоа следуваше најдобриот период во играта на ТФТ. Домаќините со серија од 15:4, стигнаа до водство од 56:48 на крајот од третата четвртина.
Во еден дел од последната четвртина ТФТ стигна и до предност од 12 разлика (66:54) и беше јасно дека домаќините на крајот ќе се радуваат на триумф. Ташовски со 20 поени беше прв стрелец кај ТФТ и воопшто најпрецизен на мечот, додека кај Работнички Ѓуровски беше предводник со 18 поени.