Тиафо го удри Медведев со топче во меѓуножјето, но Русинот се најде во финале (Видео)

Рускиот тенисер, Данил Медведев, е прв финалист на Мастерсот во Индијан велс, откако со 7-5, 7-6, го совлада Френсис Тиафо во првото полуфинале на овој турнир кој го нарекуваат „петти грен-слем“.

Вистинска драма имаше во вториот сет во кој Медведев не искористи дури седум меч-топки, но Тиафо на чудесен начин се спасуваше.

Во големото финале, Медо кој има 19 победи по ред, ќе игра против Карлос Алкараз или Јаник Синер. Шпанецот Алкараз ако го освои турнирот, од задутре ќе се искачи на прво место на АТП листата, па за тоа Новак Ѓоковиќ и неговите фанови ќе навиваат против Алкараз.

На мечот помеѓу Медведев и Тиафо имаше и еден мал инцидент по завршувањето на првиот сет, кога Американецот со топче го удри Русинот на „незгодно место“, но не доби никаква казна за овој невнимателен потег.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести