Тијаго Алкантара е малерот на Ливерпул

Ливерпул кога летоска го ангажираше Тијаго Алкантара од европскиот првак Баерн Минхен, идејата им беше да го засилат средниот ред со одличен играч кој уште повеќе ќе го стабилизира тимот, но работите не одат како што сака Јирген Клоп.

Тијаго откако е во Ливерпул, бил стартер само на пет натпревари сезонава и на тие пет меча Црвените никогаш не победиле. Со Тијаго како стартер, Ливерпул има три порази и две нерешени средби.

Ливерпул има и две победи на мечеви на коишто играл Тијаго по едно полувреме, но никогаш не победиле кога тој бил во почетните 11. Голем дел од сезонава Шпанецот пропушти поради повреда, а кога игра од почеток, засега не знае за радост.

- Оглас -

Најнови вести