Тикетот е врв – Со погоден коефициент 65 на мечот Манчестер сити – Лион до добивка од 2 илјади евра (Фото)

Мајсторски тикет одигра обложувач во Sport Life во уплатното место во Вевчани и само со два пара, но и убав влог од 1.000 денари си ќари 124.800 денари.

Ризично беше да се одигра на победа на Лион, кој беше аутсајдер во дуелот со Манчестер сити, а на добитниот тикет мошне храбро е типувано 2-2&4+, со висок коефициент од 65, што на крајот и се исплатеше. Францускиот тим победи со 1:3 и имаше и предност на полувреме од 0:1.

ТЕНИСКАТА ЈА НАЈАВИ ФУДБАЛСКАТА ДРАМА 

Претходно за да стигне да го чека исходот од мечот меѓу Манчестер сити и Лион, мајсторот што го уплатил тикетот во Вевчани преживеал вистинска драма на тениски меч од Интернационалната премиерна лига што се игра во Германија.

Играа Данчу и Манапов, а типувано е на победа на Манапов, што на крајот се покажа како добитна комбинација, но двојката излезе по многу пресврти. Тикетот е уплатен додека се играше тенискиот меч, што значи тенискиот дуел е уплатен “во живо”.

Данчу го доби првиот сет во тај-брејк, а потоа Манапов израмни на 1:1 и го доби решавачкиот трет сет во тај-брејк со 7:4 во поени. Мачно, но и слатко излезе првиот пар на одличниот тикет со вкупен коефициент од 124.8.

Големите возбудувања не изостанаа ниту на фудбалскиот меч во Лисабон, каде што Манчестер сити и Лион го играа последното четвртфинале во Лигата на шампионите.

Текот на мечот и исходот го знаете, а беше исклучително драматично, особено во финишот.

СТЕРЛИНГ ДА Е ЖИВ И ЗДРАВ, ДЕМБЕЛЕ ГО ОДНЕСЕ ЛИОН ВО ПОЛУФИНАЛЕ И ДОНЕСЕ ДОБИВКА ВО ВЕВЧАНИ

Најпрво „џелатот“ на Манчестер сити, Максвел Корне и во третиот меѓусебен меч на двете екипи беше стрелец на првиот гол, со што Лион обезбеди предност на полувремето.

Кевин де Бројне израмни на 1:1 во 69-тата минута и потоа почнаа вистинските возбудувања на „Жозе Алваладе“ во Лисабон.

Најпрво при резултат 1:1 се чекаше потврда од ВАР-системот за навидум спорната ситуација при голот на Муса Дембеле за предност на Лион од 2:1.

Карл Токо Екамби беше во офсајд, но не ја допре топката и дозволи таа до дојде до стрелецот на голот. По неколкуминутно чекање беше потврдено дека голот е регуларен, минутата е 79-та, има уште малку време и за добивка потребен е барем уште еден гол во мрежата на Едерсон.

Невидената утка на Рахим Стерлинг само од 3-4 метри на празна мрежа во 86-тата минута за 2:2 сигурно дополнително ги истенчи нервите на среќниот добитник од Вевчани, а сè беше готово по голот на јунакот на мечот Муса Дембеле во контранапад. Со трет гол резервата што влезе во игра во 75-тата минута го однесе Лион во полуфиналето и донесе убава добивка од 2.000 евра во Вевчани.

- Оглас -

Најнови вести