18.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Тиквеш и Арсими играат за бегање од опасната зона, Башкими апсолутен фаворит против Шкупи

Два меча во Прва фудбалска лига на Македонија се играат денеска со што започнуваат возбудувањата во 10-тото коло. Тиквеш на свој терен го пречекува Арсими во меч на кој двете екипи ќе бараат бодови за да избегаат од долниот дел од табелата. Двата тима имаат по осум бодови и секако освојување на три бода од овој дуел ќе значи голем чекор напред.

Тиквеш е екипа која има најслаб напад и во девет дуели вкупно постигна само пет голови, што е очаен просек од само еден гол на речиси два меча. Оваа статистика доволно кажува дека во Кавадарци се очекуав тврд и неизвесен меч со малку погодоци.

Во вториот меч кој се игра денеска од 14:30 часот, Башкими е апсолутен фаворит за победа над Шкупи. Чаирчани сезонава досега освоија само еден бод и реално многу мали се шансите да изненадат во Куманово.

- Оглас -

Најнови вести