Тиквеш му даде 13 голови на Шкупи оваа сезона

По три гола во двете полувремиња беа доволни за Тиквеш да го совлада убедливо младиот состав на Шкупи кој е иден второлигаш, со 6-0. Бразилецот Лусианињо даде три гола и си ја подобри личната статистика.

Чаирскиот тим кој е последен на табелата со само 1 бод и без шанси за опстанок, нема постигнато ниту еден гол на официјални мечеви во 2026 година, па на натпреварите се трудат колку што е можно да дадат посилен отпор.

Кавадарчани вторпат сезонава го победија Шкупи со денешниот резултат, еднаш беа подобри со 1-0, па сезонава против овој ривал имаат гол-разлика 13-0. Тиквеш кој има три победи по ред, засега не е загрозен од испаѓање, но остануваат уште десет кола во кои ќе треба дефинитивно да избегнат непријатност и играње бараж за опстанок, директно испаѓање не е реална опција во моментов.

- Оглас -

Најнови вести