Тим од ЛШ утре треба да игра на овој терен, ама ако добие дозвола

Селото Житковац, каде што има стадион со 4.000 седишта на трибините, утре од 14 часот треба го нагости српскиот првак Црвена ѕвезда за меч против Трепча од Купот на Србија. Но, проблемот е што Житковац е во општина Звечан во Косово, па се чека да се реши административниот проблем околу преоѓање преку преминот Јариње.

„Имаме цврсти гаранции од ФСС дека мечот ќе се игра кај нас, но немаме потврда од косовската страна. ФК Трепча се обрати до косовската полиција со барање за организација и нивна асистенција во текот на одигрување на натпреварот. Уште немаме одговор, но се надеваме дека ќе дојде до крајот на денов“, велат од клубот од северниот дел на Митровица.

Играчите на Ѕвезда вечерва ќе спијат во Нови Пазар, а утре планираат да влезат во Косово преку преминот Јариње, каде што имаат забрана за влез од страна на косовските власти. Фудбалската федерација на Косово бараше од УЕФА и ФИФА да забранат влез на Ѕвезда во нивната земја, но тоа барање беше одбиено. Популарниот белградски клуб во 2006 година последен пат играше на територијата на Косово.

- Оглас -

Најнови вести