Тимо Вернер се договорил со Челзи!

Германскиот весник „Билд“, тврди дека напаѓачот Тимо Вернер е на праг да потпише договор со Челзи. Лондонските Сини ја добиле битката со Интер, Јувентус и Ливерпул, па 24-годишниот Вернер кој игра за Ред Бул Лајпциг, ќе замине во Премиерлигата за трансфер од 60 милиони евра.

Долго време се шпекулираше дека Вернер сака да заигра за Ливерпул, но актуелниот европски првак не сакал да ги плати бараните 60 милиони. Интер после продажбата на Лаутаро Мартинес на Барселона, ќе имаше пари за Вернер, но тој ја избра Премиерлигата пред Серија А, иако нема да настапува за Ливерпул кој му бил прва желба.

Вернер се согласил на петгодишен договор со клубот од Западен Лондон и ќе заработува по 10 милиони евра по сезона. Тој сезонава на 30 меча за Лајпциг даде 31 гол, а има и 12 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести