Интер за пет минути го реши Торино и останува со можност да стигне до 100 поени

Новиот италијански првак Интер со 2:0 славеше на “Џузепе Меаца” против Торино во меч од 34 коло на Сеија А. Со оваа победа Интер стигна до 89 бодови и останува со шанси да стигне до 100+ поени на крајот од сезоната.

Во првото полувреме немаше голови, а Интер силата ја покажа во првите 15 минути од вториот дел.

Најпрво Торино остана со играч помалку по црвениот картон што го доби Тамезе, а потоа Калханоглу со два гола донесе радост на домашните навивачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести