Тимот им водеше со 2-1, навивачите направија „фешта“, па загубија со 2-3 (Видео)

Легија славеше со 3-2 на синоќешното гостување кај Заглебје, во меч со пресврт. Со таа победа, Легија се искачи на врвот од табелата во полското првенство со 39 бодови, додека Заглебје остана на дното само со 12 бодови.

Иако Легија беше голем фаворит и на крајот стигна до трите бода, Заглебје му даде голем отпор на фаворитот. Домаќините на полувремето водеа со 1-0, а откако Легија израмни на почетокот на вториот дел, Заглебје даде погодок и за 2-1. Тој резултат беше сè до неколку минути пред крајот.

Домашните фанови решија да направат „фешта“, запалија факели, имаше дури и огномет, па судијата мораше да го прекине мечот на неколку минути. Откако ситуацијата на трибините се смири, дуелот продолжи, а принудната пауза многу одговараше за гостите.

Во последните шест минути Легија даде два гола и стигна до победата, а навивачите на Заглебје останаа шокирани од пресвртот. Сепак, останува фактот дека направија одлична атмосфера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести