Тимот кој 38 години чека титула во Турција ќе победи и ќе се радува на трофејот

1958 Трабзон – Анталијаспор (19:30 ч.)

Трабзон низ историјата има шест титули во турското првенство, а последната му е во 1984 година. Денеска Трабзон може да го прекине 38-годишниот пост без шампионска круна и со победа на свој теренпротив Анталијаспор ќе го загарантира првото место на табелата.

Трабзон сезонава дома е одличен и има 11 победи и шест нерешени без пораз, а Анталијаспор е во одлична низа од 12 меча без пораз во првенството (осум победи и четири реми), но сепак сега треба да потклекне.

Предлог тип: 1 (1.83)

 

1007 Лидс – Манчестер сити (18:30 ч.)

Јасно е дека до крајот на сезоната, Сити ќе треба да ги добие сите мечеви за да биде сигурен дека титулата во Премиер лигата ќе ја задржи и оваа сезона. Лидс уште не е сигурен дека е спасен, а против Граѓаните реално немаат шанси.

Лидс ја има втората најслаба одбрана во Премиер лигата со дури 68 примени гола во 32 меча (просек повеќе од два примени гола на меч), па може да се очекува ефикасен дуел со победа на гостите.

Предлог тип: 2&3+ (1.71)

 

3007 Специја – Лацио (20:45 ч.)

Специја речиси сигурно си обезбеди опстанок и може помирно да ги одигра последните четири кола. Лацио моментно е шести со можност да ја брка Рома на петата позиција која има само два бода повеќе, но со пораз може да падне и на осмото место.

Токму затоа Лацио ќе тргне во офанзива и е фаворит за освојување на трите бода.

Предлог тип: 2 (1.72)

 

1631 Ајакс – Цволе (18:45 ч.)

Ајакс има 12 победи по ред против Цволе и јасно е кој ќе победи. Гигантот од Амстердам во последните четири кола ќе треба да ја задржат предност од четири бодови пред ПСВ.

Цволе е тим кој се бори за опстанок, но на Амстердам арена нема што да бара гостинот. Кога играат овие два тима, освен што е јасно дека Ајакс победува, најчесто има и повеќе голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.72)

 

3204 Зенит – Локомотив Москва (18:30 ч.)

Зенит е лидер со шест бодови пред Динамо, а Локомотив заостанува дури 17 бода зад екипата од Санкт Петербург. Зенит дома е речиси безгрешен со дури 11 победи, само едно реми и еден пораз.

Три победи на Зенит и три нерешени има во последните шест меча на овие два тима. се очекува победа на домаќините, но ривалите од Москва секогаш сака да освојат бодови.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.65)

 

- Оглас -

Најнови вести