Тимот кој најмалку погодува во прво полувреме, за само 9 минути го реши Палас

Вулверхемптон до утре ќе стои на третото место во Премиер лигата со еднаков број на бодови со лидерите Евертон и Ливерпул, по 13, откако вечерва славеше со рутински 2-0 против Кристал палас на стартот од седмото коло.

Волците од сезоната 2018/19 се најнеефикасен тим во првото полувреме од мечевите во англискиот шампионат, во дури 58 наврати немаат реализирано гол во првиот дел, но вечерва тоа не беше случајот.

Составот на Еспирито Санто ја заврши работата уште во првите триесетина минути од средбата на „Молињу“, Аит Нури и Поденсе во период од девет минути на двапати ја тресеа мрежата на Гвајита поставувајќи го конечниот резултат. Младиот лев бек имаше деби од соништата за Вулвс со погодокот за водство од 1-0 во 18-тата минута, Поденс зголеми на 2-0 само девет минути подоцна.

Кристал палас во финишот остана со играч помалку на теренот, откако капитенот Миливојевиќ заработи директен црвен картон, па така третиот пораз за екипата од јужен Лондон оваа сезона.значи пад на табелата до 9-тото место.

 

- Оглас -

Најнови вести