Тимот на Биг Сем се наоѓаше пред пораз, а тој си најде начин како да се забавува (видео)

Тотенхем со сигурните 2-0 триумфираше над ВБА и речиси му ја одреди судбината на тимот кој го води Сем Алардајс. Иако до крајот на сезоната има доста за играње, ВБА со една нога е веќе испаднат од Премиер лигата, но тоа не му пречи на популарниот англиски менаџер.

Непосредно пред последниот судиски свиреж, Биг Сем се најде во центарот на вниманието откако ја зеде топката и се намести да изведе аут за својата екипа, пред да ја предаде топката до својот играч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести